ХЕРА- Прв семеен центар на Град Скопје

 Првиот семеен центар на Град Скопје (ПСЦ) е првото специјализирано советувалиште во земјава за жртви/преживеани и сторители на родово засновано и семејно насилство, вклучително и за малолетни деца и за други членови кои се директно или индиректно засегнати од насилството.
Преку него им обезбедуваме психо-социјална поддршка, советување и правна поддршка на семејствата во кои постојат конфликтни односи или родово засновано и семејно насилство. Покрај индивидуално, групно и семејно советување со психотерапевти, Центарот нуди и советување за социјални права, упатување и придружба до соодветни институции и организации и правна помош. Сите услуги во Центарот се бесплатни и доверливи.
Центарот е отворен секој работен ден: понеделник, среда и петок од 9 до 16 часот, а вторник и четврток од 12 до 19 часот.

Контакт
ул. Иво Аговски бр. 11/2-3

+389 70 249 596
02/3200 007
 infopsc@hera.org.mk

FB страница