Скај Плус Струмица

Од јануари 2020во рамките на активностите во Струмица се отвори Шелтер Центар за здгрижување на жени жртви на семејно насилство и деца. Шелтер центарот е комплекс од социјални услуги за лица жртви на семејно насилство, жени и деца, кои ќе бидат сместyвани за период до1 година, на принципот 3 + 3= 6 месеци и ќе бидат насочени кон обезбедување на индивидуална поддршка задоволување на секојдневните потреби и правно советување или социјално- психолошка помош кога е потребна итна интервенција, вклучително и преку тимови за мобилна кризна интервенција. Капацитет -13 места. 8 жени и 5 деца од кои 2 за за итна интервенција и згрижување од 24 часовен режим. Шелтер центар „Сигурна куќа“ или „Safe house“ е установа којашто нуди психо- социјална услуга во заедницата со 24-часовен работен режим. Во зависност од проценката на ризикот и потребите, услугата може да биде краткорочна или долгорочна. Шелтер центарот обезбедува услуги за лица кои претрпеле семејно насилство од било кој вид. Користење на услугата е на доброволен принцип, со исклучок на работата со деца во ризик, базирани на насоки од ЦСР. Основните принципи на психо-социјалната служба се следниве: -Обезбедување итна поддршка; -Безусловна поддршка за повредените деца -Безбедност и сигурност; Чување во тајната на локацијата на ШЦ и да ги спречи посетите од страна на сторителите или лицата кои се потенцијални закани; -Доверливост, освен кога информациите содржат податоци за ризик за дете; -Почитување на најдобриот интерес на повреденото лице; -Почитување на мислењето, посебноста и личното достоинство на клиентите Определување на интересите и благосостојбата на детето -Почитување на основните човекови права, почитување на достоинството и личноста на детето, недискриминација; -Мултидисциплинарен пристап и меѓуинституционална соработка. ТЕЛЕФОН 24 ЧАСА 078453190