Брошура: Реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство

Што е реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство?

Реинтеграцијата и рехабилитацијата на жени жртви на насилство се дел од континуиран процес кој го спроведуваат државните институции и граѓанските организации чија цел е целосно вклучување/враќање во општеството (интеграција) и опоравување (рехабилитација) на жени кои преживеале некаква форма на насилство.

 Со овој процес жената која преживеала насилство треба да се рехабилитира и реинтегрира од психолошки, социјален, правен и економски аспект за да ѝ се обезбеди „враќање“ во нејзиното примарно опкружување (семејството и локалната заедница), и во поширок контекст „враќање/повторно вклучување“ во општеството преку обезбедување психосоцијални услуги, правна поддршка, здравствена заштита и економско јакнење.

Реинтеграција значи и обезбедување помош и поддршка на децата и/или семејството на жената која преживеала некоја форма на насилство. Реинтеграцијата и рехабилитацијата се клучен дел од системот за помош и поддршка на жени кои преживеале насилство, кој започнува откако жената ја напуштила насилната средина или донела одлука за напуштање на насилниот партнер.

Документот во целост можете да го видите тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости