Повторен повик за надворешен/а евалуатор/ка на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција за преживеаните од насилство“

Автономниот женски центар (АЖЦ), заедно со партнерските организации, објавува Повик за надворешен/а евалуатор/ка на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција за преживеаните од насилство“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка

Партнерските организации се: Албанска мрежа за зајакнување на жените AWEN (Албанија), Центар за родова алијанса за развој GDAC (Албанија), Центар за правата на жените WRC, (Црна Гора), Фондација Обединети жени FUW Бања Лука, (Босна и Херцеговина), Мрежа на жени на Косово KWN (Косово), Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство (Северна Македонија).

АЖЦ и партнерските организации ги покануваат заинтересираните експерти од областа на мониторинг и евалуација да испратат понуди до 18 јули 2022 година во 17 часот по средноевропско време, по е-пошта до Автономниот женски центар, Тиршова 5а, 11000 Белград, Србија на следните адреси: dobre_prakse@ azc.org.rs и cc: aleksandra@azc.org.rs, под насловот: The evaluation offer.

Опис на проектот, целите на евалуацијата, очекуваните резултати, обемот на работа и информациите за роковите може да се најдат во документот: Terms of Reference for External Evaluation.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавна реакција: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово

Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони

Регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE)

Во Сплит, Хрватска, од 9 до 11 април се одржа 26-та регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE), каде што се сретнаа претставнички од