Повик за учество на обука на тема „Одговор на антифеминистичкото движење во Македонија“

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамки на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Фондацијата Квина тил Квина (The Kvinna till Kvinna Foundation), организира тродневна обука за претставнички на женски граѓански организации и активистки за женски права на тема „Одговор на антифеминистичкото движење во Македонија“.

Целта на обуката е преку работа на конкретни примери учесничките да ги продлабочат своите знаења за почетоците и влијанието на антифеминистичкото движење во Европа и Македонија, главните актери и носители на движењето, како и да ги зајакнат своите знаења и капацитети во насока на развивање на соодветни стратегии како да се даде најсоодветен одговор на овие движење.

Обуката ќе се одржи од 14.03.2023 год. до 16.03.2023 год. во хотел Сириус, Струмица. Обучувачка на обуката е Мила Царовска. Сместувањето и патните трошоци ќе бидат покриени од наша страна.

Останати се неколку слободни места. Доколку сте млада активистка за женски права (до 35 години) и сакате да земете учество во обуката Ве молиме своето учество да го пријавите на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk со назнака „пријава за обука“ најдоцна до петок 03.03.2023 год. Во прилог на пријавата потребно е да се испрати кратко писмо за интерес за учество на обука.

На овој линк може да ја најдете и агендата за обуката.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости