Повик за надворешен/а евалуатор/ка на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција за преживеаните од насилство“

Автономниот женски центар (AWC), заедно со партнерските организации, објавува Повик за надворешен/а евалуатор/ка на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција за преживеаните од насилство“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка.

Партнерските организации се: Албанска мрежа за зајакнување на жените AWEN (Албанија), Центар за родова алијанса за развој GDAC (Албанија), Центар за правата на жените WRC, (Црна Гора), Фондација Обединети жени FUW Бања Лука, (Босна и Херцеговина), Мрежа на жени на Косово KWN (Косово), Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство (Северна Македонија).

AWC и партнерските организации повикуваат заинтересирани експерти/ки од областа на мониторинг и евалуација да испратат понуди до 1 јуни 2022 година на адресата dobre_prakse@azc.org.rs, со назнака: The Evaluation Offer. Конечната одлука за избор на експерт/ка за надворешна евалуација ќе се донесе најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

Евалуацијата како и самата понуда за евалуацијата ќе се спроведат на англиски јазик.

Опис на проектот, целите на евалуацијата, очекуваните резултати, обемот на работа и информациите за роковите може да се најдат во документот: Terms of Referencr External Evaluation.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за вработување – Финансиска координаторка во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување на Финансиска координаторка во Извршната канцеларија на определено време во период од 1(една) година,