Конкурс за вработување – Финансиска координаторка во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување на Финансиска координаторка во Извршната канцеларија на определено време во период од 1(една) година, со можност за продолжување. Ангажманот започнува на 01 Март 2024 година.

Кандидатките треба да ги имаат следниве знаења и вештини:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Одлични вештини на информатичка технологија, особено познавање на програмата Excel;
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на финансии и администрација;
  • Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (ИПА проекти, Европска Унија, Европската Комисија итн.);
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
  • Развиени комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.

За предност ќе се смета:

  • Претходно искуство во финансиско и административно работење на граѓански организации;

Опис на ангажманот:

Главните обврски на финансиската координаторка се исполнување на тековните задачи во делот на финансиското и административното работење. Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за:

  • водење на тековни финансиски состојби и спроведување на буџет;
  • подготовка и правење исплати на банкарски налози и средување на финансиската документација;
  • подготвување финансиски извештаи согласно барањата на донаторот;
  • комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на потребни документи;
  • следење на сметководствените извештаи за расходите и приходите издадени од сметководство;
  • водење на процесот и процедурите за набавки на материјали и услуги;
  • поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично;
  • организирање на логистика за проектни активности;
  • водење на деловодник и администрирање на документи;
  • пополнување на ДДВ/ЕПФ обрасци за УЈП за проекти ослободени од ДДВ;
  • по потреба, спроведување и други задачи поврзани со финансиско-административното работење на организацијата согласно воспоставените внатрешни политики и регулативи.

Работно време: понеделник – петок, 09.00 – 16.00 часот, во Извршната канцеларија на Националната мрежа.

Месечниот надоместок за позицијата Финансиска координаторка е 86.000 денари во бруто износ.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидатки за објавениот конкурс потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и најмалку две препораки од претходни работодавачи.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за финансиска координаторка“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk  најдоцна до 25-ти Февруари 2024г.

НАПОМЕНА:

*Само кандидатките кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

*Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
* Работната позиција предвидува пробен период од 3 месеци.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавна реакција: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово

Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони

Регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE)

Во Сплит, Хрватска, од 9 до 11 април се одржа 26-та регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE), каде што се сретнаа претставнички од