Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектна координаторка за потребите на Извршната канцеларија.
Опис на позицијата и работни задачи:
Проектната координаторка е одговорна за:
- целосна координација и спроведување на проекти;
- техничка и логистичка поддршка на сите аспекти на проекти;
- спроведување на процес на субгрантирање локални женски организации;
- координација и соработка со внатрешни и надворешни експерти, ангажирани за потребите на проектите;
- учество и координација на подготовка на регионален документ за јавни политики за лиценцирање на специјализирани услуги за РБН и СН;
- организација и учество на состаноци со релевантни чинители на регионално, национално и локално ниво;
- застапување пред релевантни чинители на регионално, национално и локално ниво;
- координација и учество во национално истражување за чинење на специјализирани сервиси за РБН и СН;
- организирање и логистика на обуки за професионалци од релевантни институции и граѓански организации на локално ниво;
- организација и логистика на регионален состанок со партнери во С. Македонија;
- координација на кампања за видливост на социјални медиуми, координација и соработка за подготовка на визуелни материјали со ангажирани лица;
- логистичка поддршка за превод на документи за потребите на проектите;
- подготовка на извештаи, пропратни документи и документирање на средствата за верификација на спроведените активности и индикатори;
- следење на буџетското трошење за да се обезбеди ефикасност на проектните буџети;
- комуникација и координација со регионалните партнери, вклучително електронска и пишана коресподенција, учество на онлајн и физички состаноци, регионални состаноци и настани организирани од партнерите, како и студиски посети;
- следење објави и известувања во медиумите во врска со насилство врз жени и деца и семејно насилство;
- следење објави за предлог проекти и подготовка на нови проектни апликации;
- извршување други задачи во согласност со потребите на организацијата.
Критериуми за избор:
- Завршено високо образование;
- Напредни познавања на работа со компјутери (Microsoft office);
- Најмалку 2 години работно искуство во граѓански сектор и во раководење на проекти;
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
- Изградени способности за тимска работа;
- Добро изградени организациски и комуникациски вештини;
- Кандидатки кои се динамични и самоиницијативи.
За предност ќе се смета:
- претходно искуство во здруженија на граѓани;
- познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, родово базирано и семејно насилство врз жени и деца, човекови права, познавање на меѓународна и национална легислатива поврзанa со насилството врз жени и деца и семејно насилство;
- искуство во застапување и работа со релевантни чинители на национално и регионално ниво;
- образование во некоја од овие области: социјална работа, психологија, хуманистички науки, право, или други сродни професии;
- мотивираност за работа во областа на конкретното работно место;
- доверливост и сензибилност за работа со маргинализирани групи;
Потребни документи:
- скенирана копија од дипломата за завршено образование;
- кратка биографија на македонски јазик;
- најмалку една препорака од претходните работни места.
Услови за позицијата:
Позицијата предвидува полно работно време од 40 часа неделно од 09.00-16.00 секој работен ден. Позицијата е на неопределено време и вклучува пробен период од 3 месеци. Висината на надоместокот ќе се утврди согласно искуството на избраната кандидатка. Позицијата е со физичко присуство во просториите на Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Пријавување:
Заинтересираните кандидатки треба да ги испратат потребните документи по електронски пат на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 27.10.2024г. до 00.00ч. со назнака „Конкурс за проектна кооринаторка“.
Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.