Конкурс за ангажирање на Социјална работничка во Советувалиште за жени и деца жртви на насилство и семејно насилство – Кавадарци

Кандидатките треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– универзитетска диплома од областа на социјална работа и социјална политика;

– добро познавање на системот за социјална заштита;

– добро познавање на системот за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство;

– добро изградени организациски и комуникациски вештини;

–  работа со програми на Microsoft Office (word, excel, PowerPoint);

– одлично познавање на македонски и англиски јазик;

 Предност ќе имаат кандидатките кои:

– имаат практично искуство во работа со жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство (вклучително и деца);

– имаат работно искуство во граѓански сектор.

Опис на ангажманот:

  • Прием и процена на жени и деца жртви на насилство и семејно насилство: процена на социјален ризик, безбедносен ризик, ризик од бездомништво; процена индивидуални потреби за психосоцијална, правна и финансиска помош и поддршка;
  • Раководење со случаи на жртви на насилство и семејно насилство: креирање индивидуален план за работа, креирање и водење досие за секој случај, следење на случајот;
  • Советување за остварување социјални права;
  • Менторство при вработување и меки вештини: советување, поддршка и обучување за пишување професионална биографија и пропратни документи за вработување, интервју за работа и комуникација со работодавци; насоки и поврзување со агенцијата за вработување и програмите за вработување и до-обучување.
  • Придружба со надлежни институции, граѓански организации и слично.

Ангажманот предвидува работно време 09.00-17.00 секој работен ден, со паричен надоместок од 30.000 денари во бруто износ.

Најдоцна до 25 Март 2022 година заинтересираните кандидатки треба да достават:

– скенирана копија од дипломата за завршено образование

– кратка биографија

– најмалку една препорака од претходните работни места

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Социјална работничка Кавадарци“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости