Конкурс за ангажирање на Координаторка на Женски центар за поддршка – Скопје

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Координаторка на Женски центар за поддршка – Скопје.

Кандидатките треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • универзитетска диплома од областа на социјална работа/ социјална политика или правни науки;
  • најмалку 3 години работно искуство со жени и деца жртви на насилство и семејно насилство;
  • најмалку 5 години искуство во граѓански сектор;
  • добро познавање на системот за социјална заштита;
  • добро изградени организациски и комуникациски вештини;
  • кандидатки кои се динамични и самоиницијативи;
  • работа со програми на Microsoft Office (word, excel, PowerPoint);

Предност ќе имаат кандидатките кои имаат претходно искуство со работа во специјализиран сервис за жени жртви на насилство и семејно насилство;

Опис на ангажманот:

Координирање на работата на Женски центар за поддршка – Скопје: координација и организација на секојдневната работа на центарот, контакт со корисничките на услуги како и со даватели на услуги во советувалиштето (социјална работничка, правна советничка, адвокатка, психолог- психотерапевт, кариерна советничка);

Прием и процена на жени и деца жртви на насилство и семејно насилство: спроведување на влезни интервјуа со корисничките, процена на социјален ризик, безбедносен ризик, ризик од бездомништво; процена на индивидуални потреби за психосоцијална, правна и финансиска помош и поддршка;

Раководење со случаи на жени жртви на насилство и семејно насилство: креирање индивидуален план за работа, водење на досие за секоја корисничка, придружба до надлежни институции за пријавување на насилството, следење на случајот, работа со електронска база на податоци за корисничките;

Советување за остварување социјални права, права од здравствена заштита и можности за вработување: информирање и помош за подготовка на документи за остварување на права од социјална и здравствена заштита, насоки и поврзување со агенцијата за вработување и програмите за вработување и до-обучување, помош и поддршка со подготовка на пропратни документи за вработување.

Ангажманот предвидува работно време 09.00-17.00 секој работен ден, со паричен надоместок од 40.000 денари во бруто износ.

Најдоцна до 29 Јануари 2023 година заинтересираните кандидатки треба да достават:

  • скенирана копија од дипломата за завршено образование
  • кратка биографија
  • најмалку една препорака од претходно работно место

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Координаторка – Скопје“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости