Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство“, финансиран од Европската Унија на датум 03.09.2024г. објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за суб-грантирање на локални граѓански организации Бр.08/24/24
1. Позадина на акцијата
Повикот за суб-грантирање на локални граѓански организации бр.08/24/24 е дел од активностите на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство“, финансирана од Европската Унија, со договор за грант за надворешни акции на Европската Унија – IPA III/2024/ 453-368. Акцијата е имплементирана од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со ХЕРА – Асоцијација за истражување и здравствена едукација, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ Маргини и Граѓанска асоцијација Реактор – Истражување во акција. Целта на акцијата е да ги зајакне граѓанските организации да поттикнат позитивна промена во однесувањето во општеството за ефикасна заштита на жените од родово базирано и сексуално насилство во Северна Македонија. Поточно, оваа акцијата е да ги оствари следниве резултати:
- Активно да се вклучат и градат капацитети на женските граѓански организации за застапување, следење и/или обезбедување услуги во областите на родово-базирано и сексуалното насилство за поголема јавна одговорност кон реформскиот процес на овие области;
- Да придонесе кон подобрување на механизмите на јавните политики за правна заштита и превенција од родово базирано насилство со фокус на сексуалното насилство; и,
- Да се изградат капацитети на клучните институции за родово сензитивни и истрага и известување во случаи на сексуално насилство, засновани на човекови права.
2. Која е целта на јавниот повик?
Целта на јавниот повик е директно да придонесе кон остварување Резултат 1. наведен во делот 1. Позадина на акцијата, односно градење на капацитетите и активно вклучување на локалните женски граѓански организации (ЖГО) за застапување, мониторинг (следење) и/или обезбедување услуги, во областа на родово-базирано насилство (РБН) со фокус на сексуално насилство (СН), на локално и регионално ниво, преку доделување грантови за активности на локално ниво.
Поточно, грантовите кои ќе се доделат согласно овој јавен повик, и проектите кои избраните грантисти ќе ги спроведат, ќе обезбедат продлабочено знаење и подобрена работа на ЖГО во областа на родова еднаквост, РБН и СН; зголемени капацитети за следење, документирање и застапување за случаи на РБН и СН; како и јакнење на капацитетите за испорака на услуги и застапување за промена на локалните и националните политики релевантни за РБН и СН.
3. Кој може да аплицира?
Право на учество на јавниот повик имаат локални женски граѓански организации кои се регистрирани во Р. Северна Македонија согласно Законот за здруженија и фондации кои работат во областа на родово-базирано насилство, сексуално насилство, и/или родова еднаквост и човекови права. Особено се охрабруваат да аплицираат организации кои работат со ЛГБТИ, Ромки, жени со попреченост, и/или млади.
Женска граѓанска организација е онаа организација која е водена од жени и во управувачката структура најмалку 50% од членовите се жени. Мисијата, стратешките цели и воопшто фокусот на работата на женската организација треба да се однесува на подобрување на различни аспекти на животот на жените.
Повеќе детали за критериумите за апликантите може да се прочитаат во Водичот за апликанти.
4. Кои активности треба да ги спроведат избраните организации во рамките на овој повик?
Во рамките на овој јавен повик избраните ЖГО ќе треба да спроведат проекти кои ќе придонесат кон остварување на целта на повикот, но и на акцијата во чии рамки се спроведува овој процес, опишан во делот 1.Позадина на акцијата. При дизајнирање на проектите, организациите- апликанти треба да ги вклучат сите долунаведени активности во проектите апликации, како минимум:
- следење и собирање податоци (документирање) за локални/регионални случаи на РБН и сексуално насилство локално на терен и/или преку специјализирани услуги;
- подготовка на локален извештај за РБН и сексуално насилство согласно собраните податоци;
- средби со локалните институции за застапување и презентирање на наодите од терен (јавното обвинителство, полицијата, Комисија за спречување и заштита од дискриминација);
- соработка со носителот на акцијата и партнерите при документирање случаи на РБН и сексуално насилство за националната база на податоци за документирани случаи;
- локална кампања за информирање на јавноста и ранливите групи за нивните права, РБН со фокус на сексуално насилство, пријавување насилство, механизми за заштита, услуги за помош и поддршка, како и видливост и промоција на оваа акција;
- активно учество на завршен настан/тркалезна маса со релевантните чинители.
Активностите мора да се спроведат локално во еден од планските региони во С. Македонија, вклучувајќи урбани и рурални општини, и да опфатат барем 1 плански регион.
5. Буџет и временска рамка
Грантовите кои ќе бидат доделени ќе бидат во износ од 15.000 евра во денарска противвредност.
Со Образецот за аплицирање, апликантот мора да достави предлог буџет согласно Образецот за буџет достапен на јавниот повик. Образецот за буџет мора да биде соодветно пополнет согласно упатството дадено во истиот. Задолжително е потребно наративно објаснување за сите претставени трошоци во делот „наративен опис на трошокот“.
Времетраење на проектите е 18 месеци, односно октомври 2024 г. – март 2026г.
6. Насоки за аплицирање и рокови:
Рок за поднесување на апликации е до 22.09.2024г. до 00.00 часот. Апликацијата со целосна документација треба да се испрати електронски на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk
Документите мора да имаат потпис и печат од одговорно лице во организацијата-апликант, и истите да се испратат во .pdf формат, и да бидат добро читливи. Апликантите можат да достават само една апликација во рамките на овој повик.
Документи за аплицирање за овој повик се следниве:
- Образец за аплицирање согласно овој повик;
- Буџет, пополнет во образецот за буџет во ексел формат, согласно овој повик;
- Временска рамка и претходно искуство на апликантот во последните три години согласно од овој повик;
- Тековна состојба од Централен регистар (не постара од 6 месеци);
- Статут на организацијата;
- Изјава на апликант;
- Кратки биографии од предложениот тим;
*Сите документи треба да бидат пополнети компјутерски и на македонски јазик, апликациите напишани рачно нема да бидат земени во предвид.
Прашањата поврзани со јавниот повик можете да ги испратите на balsha@glasprotivnasilstvo.org.mk или на телефон: 077/750-007 најдоцна 10.09.2024г. За сите прашања поврзани со повикот ќе се одржи инфо сесија на 11.09.2024г. во 10.00ч. преку онлајн платформата Google Meet на следниов линк.
Уште еднаш, сите документи поврзани со овој повик се достапни на линковите подолу: