26.10.2018: Промоција на „Анализа на случаи на фемициди-убиства на жени во Република Македонија“

На 26.10.2018 во конферециската сала на Јавна соба-Скопје, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ја промовираше Анализата на случаи на фемициди-убиства на жени во Република Македонија.

Анализата е спроведувана во периодот Септември – Ноември 2017 година, а ги опфаќа убиствата на жени кои се случиле во периодот од 2008 до 2016 година. Покрај презентација на наодите добиени од увидот во судските предмети, беа презентирани и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви, како и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство.

На промоцијата воведни обраќања дадоа: Министерот за внатрешни работи, Г-дин Оливер Спасовски, Министерката за труд и социјална политика, Г-ѓа Мила Царовска и постојаната координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП, Г-ѓа Луиза Винтон.

Главна цел на анализата беше да го утврди точниот број на фемициди во Република Македонија во периодот од 2008 до 2016 година, како и презентирање на институционалниот одговор кога се пријавува случај на насилство врз жените и кои мерки се преземаат за заштита на жртвата.

Анализата имаше за цел и да го актуелизира прашањето за „родово заснованите убиства“ преку иницирање на дискусија помеѓу релевантните чинители и носители на одлуки кои ќе го отворат процесот на усогласување на националното законодавство со препораките од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) и Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.

Анализата на случаи на фемициди-убиства на жени во Република Македонија можете да ја најдете тука.

 

 

 

 

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Семеен тим билдинг

Детето со раѓањето не добива право на мобилен телефон и не е обврска на родителот да му обезбеди мобилен телефон, туку тоа е избор на

19.11.2021 Дали е време за развод?

Одлуката за останување во несреќен брак или заминување е можеби една од најтешките одлуки што може да ги донесе еден брачен пар, особено од улога