06.09.2021: Конкурс за ангажирање Правна советничка во Советувалиште за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство – Скопје

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Правна советничка во Советувалиште за жени и деца жртви на насилство и семејно насилство – Скопје:

1. Кандидатките треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Диплома од завршен правен факултет
  • Работно искуство во граѓански организации (најмалку 3 години)
  • Работно искуство во полето на родово базирано насилство и семејно насилство, како и насилство врз деца (најмалку 2 години)
  • Познавање на националното законодавство и механизми за заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство
  • Изградени  вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
  • Одлични познавања на македонски и албански јазик
  • Самоиницијативност
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
  • Место на живеење Тетово или околината

Како предност ќе се смета:

  • Искуство во директна работа со клиенти/ки
  • Нудење на правна помош на ранливи групи на граѓани
  • Положен правосуден испит

2.Опис на ангажманот: Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за обезбедување правно советување на жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, изготвување и проследување на правни акти до надлежни институции поврзано со постапување во случаи на родово базирано насилство и семејно насилство, согласно националното законодавство и усогласеност со Истанбулската Конвенција. Дополнително, кандидатката ќе биде одговорна за документирање случаи на родово базирано насилство и семејно насилство врз жени.

3. Обем на ангажманот: Ангажманот предвидува работно време 09.00-17.00 секој работен ден, со паричен надоместок од 30 750 во бруто износ.

Најдоцна до 16 Септември 2021 година заинтересираните кандидатки треба да достават:

– скенирана копија од дипломата за завршено образование

– кратка биографија

– најмалку една препорака од претходните работни места

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Правна советничка Скопје“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости