Барање до Влада на РСМ за дополнување на одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата

Согласно прогласената вонредна состојба во државата и зголемениот ризик од семејно насилство, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство подготви Барање за дополнување на одлуката од 06.04.2020 година (36-та седница на Влада на РСМ) за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата,

Имено во текот на полицискиот час треба да има исклучоци од санкции за жени жртви и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство. Исто така бараме во текот на временското ограничување на движењето на граѓаните во случај на насилство во домот, по пријава сторителите на семејно насилство да бидат остранети од истиот и да се превземат соодветни санкции против него(приведување, покренување на привремении мерки за заштита и др.) се со цел да се заштити жртвата од идно насилство во својот дом.

Целото барање може да се прочита тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за ангажирање на Психолог/психотерапевтка во Женски центар за поддршка – Скопје на

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Јавен повик за ангажирање на Психолог/психотерапевтка во Женски центар за поддршка – Скопје на определено време

Јавен повик – Правна советничка/ адвокатка во Женски центар за поддршка – Скопје

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Јавен повик за ангажирање на Правна советничка/адвокатка во Женски центар за поддршка – Скопје на определено